Знаме на Мјанмар
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Знамето на Мјанмар е официјалното знаме во државата кое било усвоено на 21 октомври 2010 година кога се заменило старото знаме. Знамето е составено од три еднакви хоризонтални ленти во жолта, зелена и црвена боја. Во средината има голема бела петокрака. До сега нема официјален опис за тоа што значат елементите на знамето.[1]

Новото знаме на државата било предложени на 10 ноември 200 година. Според предлогот, зелената боја симболизира мир, спокојство и природата на земјата, жолтата боја ја симболизира солидарноста додека црвената боја означува храброст и решителност. Белата ѕвезда го означува вечното опстојување на консолидираната унија.[2]
Remove ads
Старото знаме




Старото знаме било усвоено на 3 јануари 1974 со прогласувањето на социјалистичката република од страна на Не Вин. Ова знаме се заснова на знаме користено за време на бурманскиот отпор, движење против јапонската окупација на Мјанмар за време на Втората светска војна, знаме кое било црвено со бела петокрака. Подоцна ѕвездата била отстранета и се додал син квадрат во горниот лев агол со бела голема ѕвезда опколена со пет помали ѕвездички. Тие ја симболизирале различноста на земјата, додека црвената боја означувала храброст. Сината боја означувала мир и белата чистота. Подоцна, овој грб се сменил и добил покомунистички елементи со 14 ѕвезди со растение (ориз) и тркало во средината. Оризот означува земјоделство, тркалото означува индустрија и 14 ѕвезди ги означуваат 14 држави.
Remove ads
Други знамиња на Мјанмар
- Знаме на Држава Бурма (1943 – 1945)
Наводи
Поврзано
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads