Знаме на Егејска Македонија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Знамето на грчка Македонија (грчки: Σημαία της Μακεδονίας) — знаме кое Грците во Егејска Македонија го користат како неофицијално знаме на три периферии: Западна Македонија, Централна Македонија и Источна Македонија и Тракија.[1] Знамето е со сина позадина на која има приказ на златна Ѕвезда од Кутлеш и е слично со поранешното знаме на Македонија. Ова знаме го користат и организации на Грци од Егејска Македонија во дијаспората, како што се тие во Соединети Американски Држави и Австралија[2][3][4].
Не е јасно кога точно знамето почнало да се употребува, но најверојатно е во доцните 1980-ти.[5] Во февруари 1993 грчкиот Парламент го изгласал знамето со Ѕвездата од Кутлеш за неофицијален национален симбол.[6] Во јули 1995, Грција поднела барање за заштита на правото на сопственост на заштитниот знак Ѕвездата од Кутлеш како официјален државен симбол според Член 6 од Париската конвенција за заштита на индустриска сопственост[7] со Светската организација за интелектуална споственост.[8] Сличноста со првото знаме на Македонија, која го искористила истиот дизајн на Ѕвездата од Кутлеш на црвена основа со пропорции 1:2, предизвикала контроверзии во Грција.[5]
Remove ads
Галерија
- Првото знаме на Македонија.
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads