Зона Замфирова (филм)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Зона Замфирова е српски филм од 2002 година кој претставува љубовна приказна меѓу членовите на различни општествени слоеви, кујунџијата Мане (Војин Четковиќ) и богатата ќерка Зона (Катарина Радивојевиќ), сместена во амбиентот на Ниш од крајот на 19 век.[1]

Замислен многу амбициозно, филмот ги надмина сите очекувања во поглед на гледаноста и заработката, а според некои извори станал и најгледаниот српски филм на сите времиња.[2]
Филмот бил премиерно прикажан на 31 октомври 2002 година во Белград.[3]
Remove ads
Синопсис
Филмот ја следи судбината на хероината Зона, ќерка на чорбаџија која е вљубена во кујунџијата Мане. Кога тетка Дока ја бара раката на Зона за Мане, тој е одбиен и повреден до смрт. Тој се одмаздува и неговата одмазда директно влијае на угледот на Зона... Но, љубовта знае како да ги надмине сите препреки и двајца љубовници наоѓаат начини да се спојат...[1]
Улоги
Remove ads
За филмот
Зона Замфирова е најгледаниот српски филм од 2002 година, со 1.082.052 гледачи во српските кина.[4] Филмот е снимен во формат 16:9, а издаден е примерок од филмот 4:3, специјално за телевизија. Филмот има 5,1 Dolby Digital звук.
Филмот е снимен од 18 јуни до 22 јули 2002 година во Ниш, Пирот и Сокобања.
Награди
- Наградата за најдобар Глумечки пар на годината, по избор на читателите на ТВ Новости, ја добија Катарина Радивојевиќ за улогата на Зона и Војин Четковиќ за улогата на Мане на Филмските средби во Ниш во 2003 година.[5]
ДВД издание
ДВД изданието на филмот беше објавено на 1 октомври 2003 година. Содржи посебни додатоци, како што се: Избор на сцени, доживувања од снимањето, трејлер, интервјуа со режисерот и глумците, фотогалерија, репортажа од премиерата на филмот во Сава Центар и музички спотови.
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads