Зора

From Wikipedia, the free encyclopedia

Зора
Remove ads

Зора[1][2], мугра[3][4] или арх. зорнина[5][6] — периодот пред изгрејсонцето. Позната е по присуството на слаба сончева светлина, додека самото сонце сè уште е позади хоризонтот.

Thumb
Охрид во зорите на почетокот на 20 век
Thumb
Зора, Египет.
Thumb
Зора во Пенг Чау, Хонгконг.

Постојат повеќе дефиниции за зората, како што се:

  • Астрономска зора: моментот кога небото повеќе не е целосно темно, симетрички дефинирана како времето кога сонцето е 18 степени зад хоризонтот во утрото.[7]
  • Морнарска зора: времето кога нема доволно сончева светлина за хоризонтот и некои предмети да бидат доволно видливи, симетрички дефинирана како времето кога сонцето е 12 степени зад хоризонтот во утрото.[7]
  • Граѓанска зора: времето кога има доволно светлина за да предмети бидат доволно видливи и времето кога луѓето и други живи организми можат да започнат со надворешните активности, симетрички дефинирана како времето кога сонцето е шест степени зад хоризонтот.[7]

Зората не треба да се меша со изгрејсонцето, што е моментот кога предниот раб на самото сонце се појавува над самиот хоризонт.

Remove ads

Зората како тема во уметноста

  • „Зора“ (шпански: Alba) — песна на шпанскиот поет Федерико Гарсија Лорка.[8]
  • „Зора“ (шпански: La aurora) — песна на Федерико Гарсија Лорка.[9]
  • „Разденување“ — песна на македонскиот поет Стојан Тарапуза.[10]
  • „Зора се зори“ - македонска народна песна.[11]
  • „Есенска зора“ (англиски: Autumn Dawn) — песна на американската рок-група Allah Las од 2016 година.[12]
  • „Бавниот воз до зората“ (англиски: Slow Train To Dawn) — песна на британската електронска група The The од 1986 година.[13]
  • „Зора на розовите црвени прсти“ (англиски: Dawn of the rose red fingers) - песна на Никола Коџабашија и групата Фолтин од 2011 година.[14]
  • „Зазорување на утрото“ (англиски: Morning Dawning) - песна на британската рок-група Кричрс (The Creatures) од 1983 година.[15]
  • „Зората не може да одлучи“ (англиски: Dawn Can't Decide) - песна на американската рок-група Лемонхедс (The Lemonheads) од 1993 година.[16]
  • „Зора“ — песна на хрватската рок-група Лет 3 од 1989 година.[17]
  • „Постојана зора“ (англиски: Perpetual Dawn) — песна на британската техно-група The Orb од 1991 година.[18]
  • „Нова зора избледува“ (англиски: New Dawn Fades) - песна на британската рок-група Џој дивижн (Joy Division) од 1979 година.[19]
Remove ads

Наводи

Поврзано

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads