Ивец (војсководец)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Ивец (X–XI в.) — македонски благородник, истакнат војсководец од времето на Самуиловото Царство.[1][2]
Есента 1015 година ја уништил византиската војска во Пелагонија, намамувајќи ја во заседа. По смртта на царот Јован Владислав, кога царицата Марија и другите великодостојници му се предале на Василиј II, тој се засолнил на планината Брохот, каде што го изградил дворецот Проништа и продолжил да им дава отпор на Византијците. На денот на домашната слава Голема Богородица во 1018 година со измама бил фатен од охридскиот архонт Евстатиј Дафномил[2] и предаден на царот Василиј II,[3] кој му го одзел целиот имот и го испратил во затвор.[2]
Remove ads
Ивец како тема во уметноста
- „Ивец“ - песна на македонскиот писател Славко Јаневски од 1966 година.[4]
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads