Игла

From Wikipedia, the free encyclopedia

Игла
Remove ads

Иглаалатка за шиење. Може да се шие рачно или со помош на машина. Иглата има мало дупче низ кој се провлекува конец, потоа иглата ја протнувате низ ткаенината и така започнува процесот на шиење. Освен иглата постојат и други видови на алат за приспојување на ткаенината, а тие се спојница, шпенагла, безопасна и игла за кравата.

Thumb
Игла за рачно шиење
Remove ads

Историја

Првата форма на шиење најверојатно била потребата да се спојат две парчиња кожа со употреба на боцки и остри камења наместо иги,[1] со конец од животинско или растително потекло.[2]

Занимливости

Зборот потекнува од прасловенскиот збор „jьgъla“. Во секој дом може да се најде оваа многу мала алатка наречена игла.

Иглата не е само мал корисен алат, туку со неа се создадени многу интересни поговорки како што се:

  • Игла во пласт сено - кога си изгубил нешто и никогаш нема да го најдеш
  • И игла ќе расипе - укажува на нечија несмасност
  • Од игла до локомотива - укажува на широк асортиман на производи

Во некои делови на Балканот, до денес, постои обичај дека игли и нишки не се позајмуваат на никого во одредени денови од годината. Кога ја враќате позајмената игла, се смета според некои обичаи, не треба да му се заблагодари на сопственикот, туку да го боцнете малку со иглата; ако тоа не се случи, ќе се појави кавга.

Remove ads

Иглата како тема во уметноста

  • „Игла и конец“ — кус расказ на македонската писателка Сања Михајловиќ-Костадиновска од 2018 година.[3]
  • „Игла“ — расказ на чешкиот писател Карел Чапек.[4]
  • „Планина од игли“ (англиски: Mountain Of Needles) — песна на Брајан Ено и Дејвид Брн од 1981 година.[5]

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads