Извор (ТВ серија)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Серијата Извор (шпански: El Manantial) е романтична мексиканска теленовела. Серијата е снимена во Мексико, во 2001 година[1], со 95 едночасовни епизоди. Серијата стекна голем успех во целиот свет, а поради тоа и на мексиканските ТВ и Новеле Награди, ја освои наградата за најдобра теленовела во 2002 година. Кај нас оваа теленовела се емитуваше на А1 телевизија, во утринскиот термин во 09 часот.

Remove ads
Синопсис
Приказна за страста и одмаздата помеѓу две сопернички фамилии, Валдез и Рамирес од гратчето Сан Андреaс. Предмет на расправијата е сопственоста на изворот со вода кој лежи меѓу нивните имоти и припаѓа на посиромашната фамилија Валдез, а Хусто Рамирес се труди на секој начин да го добие. Меѓутоа, главната причина за нивната омраза е шокантната тајна која се чува зад затворени врати. Хусто Рамирес е оженет со Маргарита, меѓутоа има тајна врска со Франциска, жената на Ригоберто Валдез. Ригоберто и Франциска ја имаат убават ќерка Алфонсина, родена отприлика во исто време со Александро, единствениот наследник на богатството на семејството Рамирес. Иако детството го поминале раздвоени и во атмосфера на предрасуди и омраза, кога конечно ќе се сретнат, меѓу нив се раѓа привлечност, која не се осмелуваат да ја признаат.
Remove ads
Улоги
Награди
- Најдобра Теленовела на годината
- Најдобра главна глумица на годината - Адела Нориега
- Најдобра негативка на годината - Даниела Ромо
ДВД Издание
Мексиканската продукција Телевиса издаде и оригинален ДВД пакет од серијата Извор. Во пакетот се состоат двд цедеа, со сите 95 епизоди.
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads
