Илзенбург
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Илзенбург (германски: Ilsenburg) — град во округот Харц, во сојузната покраина Саксонија-Анхалт, Германија. Се наоѓа во северното подножје на планините Харц, на влезот на долината Илзетал (Ilsetal) на малата река Илзе, притока на Окер, околу 9,7 километри северозападно од градот Вернигероде. Ги добил градските права во 1959 година. Поради своето опкружување на шуми и планини, како и неговата местоположба на работ на националниот парк Харц, Илзенбург е популарно туристичко место.
Remove ads
Историја
Стариот замок Илзенбург се наоѓа на висока карпа над градот и бил првично царско упориште и веројатно изграден од кралот Хенри I. Во 995 година, царот Отон III живеел во Елизинабург (Elysynaburg), кој Хенри II го доделил во 1003 година на епископот од Халберштат, кој го претворил во бенедиктански манастир. Школата уживала голем углед до крајот на XI век. Манастирот бил конечно уништен за време на германската селанска војна во 1525 година.
По реформацијата, замокот припаднал на грофовите од Вернигероде, кои го обновиле и го направиле нивна резиденција кон крајот на 1710 година. Сепак, високо, на работ на платото се издига Илзенштајн, гранитен врв на околу 150 метри над долината, крунисан со железен крст поставен од грофот Антон фон Штолберг-Вернигероде во спомен на неговите пријатели кои паднале во текот на Наполеоновите војни 1813-1815. Околу оваа карпа кружат голем број на легенди.
Remove ads
Места на интерес

- Манастир Илзенбург
- Куќа Илзенбург
- Долина Илзе и Принцеза Илзе
- Илзештајн
- Жабја карпа
- Плоштадот Маркт
- Мост Круг над Илзе
- поранешната Фабрика Илзенбург, денес користена како резиденција
Сообраќај
Илзенбург има пристап до автопатот 6, сојузен автопат кој води од Гослар и автопатот 395 до Хале и автопатот 14.
На железничката станица, железничкиот сообраќа е достапен до Финенбург и Хановер, како и до Хале и Берлин преку регионалните возови на Германските железници и возовите на Веолија.
Меѓународни односи
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads