Илјада цветови (поезија)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
„Илјада цветови“ — збирка со избор од поезијата за деца на македонскиот писател Видое Подгорец.
Содржина
Збирката содржи избор од 7 стихозбирки за деца од дотогашната поезија на писателот, и претставува шеста книга од неговите собрани дела. [1]
Во неа се застапени избор од дотогашните стихозбирки, и тоа според содржината ставени се:
- Што е тоа татковина
- Илјада цветови на една гранка
- Нови песни
- Горско кладенче
- Облак над езерото
- Прела баба
- Сказна за штурецот
Изданија
Првото издание Илјада цветови било на НИК Наша книга во 1969 година. [2]
Осврт кон делото
За поезијата на Подгорец може да се каже дека е исклучително лирична или како што Миодраг Друговац има кажано за авторот, „ткае со срмен збор со лирска топлина, непосредност и впечатливост“. Во збирката пее за татковината, природата, децата, животните, растенијата...„Неговото творештво не е само обемно туку и тематски и мотивски разновидно. Тој е еден од оние автори кој на едноставен и интересен начин го приближуваат своето доживување на пример на летниот или зимскиот пејзаж, детската игра, волшепството на сонот, магијата на денот и ноќта, поврзаноста на човекот со природата, итн. “ [3]
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads