Импулсно-замавна модулација
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Импулсно-замавна модулација или импулсно-амплитудна модулација (ИЗМ или PAM) е облик на модулација на сигнали каде информациската порака е кодирана во замавот на низа сигнални импулси. Тоа е шема на аналогна импулсна модулација во која замавите на поворката од импулси на носителот варираат согласно вредноста на сигналот на пораката. Демодулацијата се извршува со детектирање на нивото на замавот на носителот во секој период на симболот.

Remove ads
Видови
Постојат два вида на импулсно-замавна модулација:
- Еднополарна ИАМ: при оваа модулација се додава соодветен фиксен еднонасочна компонента за да се осигура дека сите импулси се позитивни.
- Двополарна ИАМ: при оваа модулација импулсите се позитивни и негативни.
Импулсно-замавна модулација нашироко се користи за модулација на сигнали при пренос на дигитални податоци, со тоа што апликациите во неосновниот опсег се широко заменети со импулсно-кодна модулација, а од неодамна со импулсно-положбена модулација.
Сите телефонски модеми побрзи од 300 bit/s користат квадратурна замавна модулација (КЗМ).
Бројот на можни импулсни амплитуди во аналогна ИАМ е теоретски бесконечен. Дигиталната ИАМ го сведува бројот на импулсни амплитуди на два на некој степен. На пример, во четиринивовската ИАМ има 22 можни дискретни импулсни амплитуди; во осумнивовската ИАМ има 23 можни дискретни импулсни амплитуди; и во 16-нивовската ИАМ има 24 можни дискретни импулсни амплитуди.
Remove ads
Употреба во Етернет
Некои верзии на комуникацискиот стандард Етернет се пример за користење на ИАМ. Особено, брзиот Етернет (Fast Ethernet) 100BASE-T2, работи на 100 Mbit/s, користи петнивовска ИАМ модулација (ИАМ-5)[1] кој функционира со 25 милиони импулси во секунда преку два пара жици. Специјална техника се користи за да се намали интерзнаковната интерференција меѓу неблиндираните парици. Моментално, мрежна технологија е 100BASE-TX која испорачува 100 Mbit/s во двете насоки преку една парица. Гигабитскиот Етернет 1000BASE-T medium користи четири парици преку кои се пренесуваат 125 милиони импулси во секунда и се стигнува до брзини од 1000 Mbit/s, сè уште користејќи ИАМ-5 за секоја парица.[2]
Remove ads
Употреба во фотобиологијата
Концептот исто така се користи за проучување на фотосинтезата употребувајќи специјализиран инструмент кој вклучува спектрофлуoрометриско мерење на кинетиката на флуоросцентниот раст или пад во светлосна антена од тилакоидни мембрани, со што се разгледуваат различни аспекти на состојбата на фотосистемите во различни услови на околината.
Употреба во електронските драјвери за осветлување со светлечки диоди
Импулсно-замавната модулација е развиена исто така и за контрола на светлечки диоди (LED), особено во примените за осветлување.[3] Драјверите на светлечките диоди кои се засноваат на ИАМ техниката, нудат подобрена енергетска ефикасност во однос на системите засновани на други модулациски техники како што е импулсно-ширинската модулација (ИШМ) со оглед на тоа што струјата која минува низ светлечките диоди е релативна на интензитетот на излезното светло и ефикасноста на светлечките диоди расте како што струјата се намалува.
Драјверите на светлечките диоди засновани на импулсно-замавната модулација можат да ги синхронизираат повеќеканални светлечки диоди за да овозможат совршено поклопување на боите. Заради инхерентната природа на ИАМ во спој со големата брзина на преспојување на светлечките диоди, можно е да се користи осветлување со светлечки диоди како начин за безжичен пренос на податоци со големи брзини.
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads