Инвестиции

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Инвестиција претставува вложување производни фактори во очекување на некоја корист во иднина - на пример, инвестиција во трајно добро, во недвижен имот од услужната индустрија, во фабрики, во развој на производи и во истражување и развој.

Пресметка на профитабилноста на инвестицијата

Пресметката на исплатливоста, т.е. профитабилноста на инвестицијата се врши на определена дата така што се споредува вредноста на вложените производни фактори и проценетите идни приходи од проектот. Притоа, бидејќи вложувањето на производните фактори се вршело во минатите временски периоди, нивните поединечни износи се вкаматуваат до моментот на пресметката. Од друга страна, бидејќи приносите на инвестицијата ќе бидат остварени во иднината, нивните очекувани вредности се дисконтираат до денот на пресметката. Оттука, профитабилноста на инвестицијата се пресметува како разлика меѓу дисконтираните идни приходи и вкаматените минати издатоци.[1]

Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads