Ингилизово

село во Солунско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Ингилизовоmap
Remove ads

Ингилизово (Ингилиз или Инглиш[2]; грчки: Αγχίαλος, Анхиалос; до 1927 г. Ίγγλις, Инглис[3]) — село во Солунско, Егејска Македонија, денес во општината Илиџиево на Солунскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 738 жители (2011).[4] Сè до Балканските војни, ова било чисто македонско село.[2]

Кратки факти Ингилизово Αγχίαλος, Земја ...
Remove ads

Географија

Селото е сместено во областа Вардарија на Солунското Поле. Лежи крај главниот пат од Солун за Скопје, 14 км северозападно од Солун[2] и 5 км источно од Каваклиево.

Историја

Во Отоманското Царство

Во XIX век Ингилизово било македонско чифлигарско село во Солунската каза. Името го добило по неговиот некогашен сопственик, кој бил Англичанец, подоцна убиен од Турци.[4] До крајот на отоманското владеење, чифликот бил сопственост на Хаџи-бег[2] Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Ингилиз (Ingiliz) е село со 20 домаќинства од 110 жители Македонци.[5][6]

Во 1900 г. според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во Ингилизъ живееле 95 Македонци христијани.[5][7] Според охридскиот деец Христо Силјанов, по Илинденското востание во 1904 г. целото село (Ингилиз чифлик) потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија.[8] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. Инглиз чифлик (Inglis-Tchiflik) се состоел од 88 Македонци, сите под егзархијата.[5][9]

Во Грција

По Балканските војни во 1913 г. Ингилизово е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Во 1912 г. чифликот Ингилизово имал 12 куќи и се распаднал во Првата светска војна (1912).[10] Затоа, тоа не се води во пописот од 1913 година.[2] Обновено е во 1922/23 г. кога во него се сместени 450 грчки доселени од приморското гратче Анхијало (денес Поморие) во Бугарија,[11] запалено во антигрчки бунт на 30 јули 1906 г.[4] Во 1927 г. Ингилизово е преименувано во Анхијалос, по тој град. Подоцна во селото се доведени и доселеници од други грчки места во Бугарија како Станимака (денес Асеновград), Бургас и Созопол. Во 1928 г. Ингилизово е попишано како село кое се состои од 849 доселеници (236 семејства).[12] Доселениците од Анхијал со себе го донеле и своето занимање — винарството.

Во следниот период бројноста на жителите опаднала, така што во 1940 г. Ингилизово имало 661 жител. Во 1951 г. се попишани 666 жители, а во 1961 г. — 613.[2] Подоцна населението доживеало повторен пад, со 568 жители во 1971 и 593 во 1981 г. Следните десетлетија бележат значаен пораст, со 852 лица во 1991[2] и 1.062 во 2001 г. На пописот од 2011 г. селото се смалило на 738 жители.

Remove ads

Население

Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Настани

Во селото празнуваат две слави: Свети Јован и Свети Трипун.[4]

Стопанство

Селото произведува памук, овошје, жито и други земјоделски производи.[2]

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads