Индиски Потконтинент

From Wikipedia, the free encyclopedia

Индиски Потконтинент
Remove ads

Индиски Потконтинент (или Јужноазиски Потконтинент) — регион во Азија сместен на Индиската Плоча од Хиндукуш (Хималаи) и ги опфаќа венците Кунлун и Каракорум, образувајќи копнена површина што се протега сè до Индискиот Океан. Напати се користи како синоним за јужна Азија.

Кратки факти Површина, Население ...

Опфат

Што сè влегува во Индискиот Потконтинент не е строго утврдено. Историски, ова е територијата на Голема Индија, која денес ги опфаќа земјите Индија, Пакистан и Бангладеш; пред 1947 биле дел од британска Индија. Во оваа дефиниција спаѓаат и Непал, Бутан и островската земја Шри Ланка, а понекогаш и Авганистан и Малдивите.

Регионот може да ја опфаќа и спорната територија Аксај Чин (дел од некогашното вазално кнежевство Џаму и Кашмир), денес во состав на кинескиот автономен регион Сјинџанг.[1] Кога се користи поимот „индиски потконтинент“ подразбирајќи ја јужна Азија, понекогаш се изземаат Шри Ланка и Малдивите како острови, а се вбројуваат Тибет и Непал[2] (или и тие се изземаат[3] intermittently, зависно од контекстот).

Remove ads

Географија

Географски, Индискиот Потконтинент е полуостровски регион во јужна и средна азија, во облик на баклава ограничена со Хималаите на север, Хиндукуш на запад и Чинските Ридови (Аракански Планини) на исток, а на се протега до Индискиот Океан, до граничното подрачје со Арапското Море на југозапад и Бенгалскиот Залив на југоисток. Сметајќи ги сите седум земји, потконтинентот зафаќа површина од 4,4 милиони км2, што претставува 10% од површината на Азија и 2,4% од целиот свет. На него живеат 34% од населението на Азија (16,5% од светското население) со најразлични народи и култури.

Remove ads

Геологија

Најголемиот дел од регионот лежи на своја тектонска плоча наречена Индиска Плоча и е одделен од останатиот дел од Азија со планини.[4][5] Пред 250 милиони години Индискиот Потконтинент бил составен дел од суперконтинентот Пангеја. Во периодот Креда (пред 90 милиони години) се одделил од Гондвана, а потоа се поместил на север, судирајќи се со Евроазиската Плоча и така создавајќи ги Хималаите и Тибетската Висорамнина. Потконтинеотот продолжува да се движи кон севрозапад по 5 см годишно, со што Хималаите постепено растат во височина.

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads