Индустрискиот индекс на Доу Џонс
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Индустрискиот индекс на Доу Џонс (англ. Dow Jones Industrial Average, скр. DJIA; NYSE: DJI) е најстар од постоечките американски пазарни индекси. Индексот бил создаден од страна на уредникот на весникот Wall Street Journal Чарлс Доу во 1884 година за следење на развојот на индустриската компонента на американските фондовски пазари.[1] Ниту едно од првите индустриски претпријатија не останало во индексот.[2]
![]() |
И покрај тоа што DJIA е еден од најстарите и најпопуларните индекси на акциите, многумина професионалци сметаат дека Dow Jones несоодветно го прикажува вкупниот фондовски пазар на САД во споредба со пошироките пазарни индекси како што се S&P 500 или индексот Russell 2000.
Најголемиот пад на индексот се счучил во „црниот понеделник“ во 1987 година, кога Доу Џонс изгубил 22,6 %.
Remove ads
Пресметка и критериуми за избор
Индексот ги опфаќа 30-те најголеми компании во САД. Одредницата „индустриски“ претставува само историско наследство: сега многу од овие компании не припаѓаат во наведената гранка.
Отпрвин индексот се пресметувал како аритметичка средина на цените на акциите на опфатените компании. Сега за пресметка на износот цените на сите 30 акции се делат со коефициентот на Доу Џонс.[3] Од 4 ноември 2021 година коефициентот на Доу-Џонс изнесува 0,15172752595384.[4] Коефициентот се менува секогаш кога компанијата основач е изложена на делење на акциите, така што разделувањето на акциите не влијае на вредноста на индексот.
Remove ads
Методы инвестирования
Инвестирањето во индексот Доу-Џонс е можно преку индексните фондови како и преку изведените инструменти како што се опционите договори и фјучерсните договори.
Чикашката берза на опции емитува врши емисија на опциони договори на Dow преку кореновиот симбол DJX.[5]
ETF, кој ги повторува показателите на индексот го емитува State Street Corporation.[6]
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads