Институт за тутун - Прилеп

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Институтот за тутун во Прилеп е научен институт во областа на тутунопроизводството. Претставува членка на универзитетот „Св. Климент Охридски“.

Кратки факти Основан, Место ...

Одделенија

Во рамките на институтот постојат повеќе одделенија:

  • Одделение за агротехника на тутунот
  • Одделение за заштита на тутунот од болести, штетници и плевели
  • Одделение за хемија на тутунот, тутунскиот чад, резидуи од пестициди и биохемија
  • Одделение за генетика, селекција и семеконтрола
  • Одделение за технологија, ферментација и фабрикација
  • Одделение за економско планирање и програмирање

Последипломски студии

Како членка на Универзитетот Св. Климент Охридски-Битола, Институт за тутун - Прилеп организира последипломски студии и тоа за:

  • Производство на тутун
  • Обработка и преработка на тутун

Директори на институтот

Список на директори на институтот:[1]

  • Инженер Рудолф Горник (1924 до 1940)
  • Инженер Рудолф Горник (1945 до 1953)
  • Инженер Христо Беака (1953 до 1956)
  • Инженер Методи Татарчев (1956 до 1960)
  • Д-р Јосиф Мицковски (1960 до 1977)
  • Д-р Ѓоре Печијарески (1977 до 1981)
  • Д-р Јосиф Мицковски (1981 до 1982)
  • Д-р Јован Најдоски (1982 до 1984)
  • М-р Томе Грабулоски ( 1985 до 1992)

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads