Установа
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Установа или институција — организации или механизми на општествена структура што го уредуваат однесувањето на две или повеќе личности. Установите се одликуваат со: општествена цел и трајност, надминувајќи ги поединечните човечки животи и намери, како и со создавање и спроведување на правила за уредување на човечкото однесување. Како структури и механизми на општествениот поредок меѓу луѓето, установите се еден од главните предмети на изучување на општествените науки како социологија, политички науки и економија. Установите се, исто така, клучна точка во правото.
Американскиот економист Даглас Норт ги дефинира институциите на следниот начин: „Институциите се правила на играта во општеството или, кажано поформално, тие се ограничувања, создадени од луѓето, кои ги обликуваат човечките интеракции.“ Притоа, Норт нагласува дека институциите имаат клучна улога зашто „тие ги определуваат поттиците за политичката, економската и социјалната размена“.[1] Според американските економисти Дарон Аџемоглу, Сајмон Џонсон и Џејмс Робинсон, „добри економски институции се оние кои обезбедуваат заштита на правото на сопственост и релативно еднаков пристап кон еконосмките ресурси за поширокото население.“[2]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads