Инфекција на мочните патишта

From Wikipedia, the free encyclopedia

Инфекција на мочните патишта
Remove ads

Инфекција на мочните патишта — заболување на урогениталниот тракт, најчесто предизвикана од некоја бактерија.

Кратки факти Инфекција на мочните патишта, Специјалност ...

Причини за појава

Оваа инфекција е прилично честа мачнина, која се јавува кога микроорганизмите што живеат во урогениталниот тракт во цревата ќе навлезат во мочниот меур. Речиси 90% од инфекции на мочните патишта се предизвикани од бактеријата ешерихија коли која вообичаено се наоѓа во цревата. Почесто се јавуваат кај жените кои имаат многу пократка мочна цевка, така што бактериите полесно навлегуваат во мочниот меур. Притоа, овие инфекции најчесто се јавуваат кај девојките кои штотуку започнале со сексуални односи, како и кај жените во менопауза. За зголемување на ризикот од појава на овие инфекции придонесуваат неколку фактори, како: лошите хигиенски навики и прекумерната хигиена (примена на агресивни сапуни и гелови за туширање кои ги уништуваат добрите бактерии), капењето во када или во базен, одложување на мокрењето (уринарна ретенција), сексуално преносливите болести (гонореја, кламидија итн.), зголемената простата кај мажите, ослабен имунитет итн.[1]

Remove ads

Симптоми

Симптоми на инфекција на мочните патишта се:[1]

  • притисок во мочниот меур
  • печење при мокрењето
  • заматена урина и крв во урината
  • треска
  • болка во долниот дел на стомакот.

Терапија

Повеќе информации Антибиотик, Резистентност ...

Основата на третманот се антибиотиците. Феназопиридин повремено се пропишува во текот на првите неколку дена заедно со антибиотиците што го ублажува чувството на печење и итност кое се јавува при инфекциите на мочниот меур.[3] Сепак, не се препорачува негова рутинска примена заради зголемениот ризик од метхемоглобинемија (зголемена концентрација на метхемоглобин во крвта).[4] Парацетамолот се користи при појава на треска.[5] Не постојат цврсти докази за ефикасност на продукти со брусница во третманот на моментални инфекции.[6][7]

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads