Иранска монархија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Иранската монархија доживеала многу преобразби низ вековите, од времето на Персиското царство, па сѐ до основањето на современ Иран.
Според кралскиот првенствен поредок, титулата Шаханшах е еднаква на титулата Император (Цар). Женската варијанта пак, од времето на исламското освојување на Персија до 1967, кога Фара Пахлеви била крунисана за царица, (обично сопругата на монархот) се нарекува Маликах (кралица-придружничка).
Соврмената иранска монархија била основана во 1501 со доаѓањето на династијата Сефевиди (1500 - 1722) под водство на шах Исмаил I, и со тоа дошол крајот на т.н. „четврто доба“ на политичкиот раскол.
Иран по уредување бил апсолутна монархија. За време на Персиската уставна револуција во 1905-11, Иран станал уставна монархија, и останал така сѐ до 1925. Реза Пахлеви извршил преврат и го симнал шахот Ахмед Каџар, последниот од династијата Каџари, и ја основал династијата Пахлеви.
Монархијата била укината во 1979 со револуција под водство на ајтола Рухолах Хомеини, го истерал последниот шах, Мухамед Реза Пахлеви, во бегство, и основал Исламска република.
Remove ads
Владетели на Персија/Иран
Сефевиди
- Исмаил I (1487-1524)
- Тахмасп I (1514-1576)
- Исмаил II (1576–1578)
- Мухамед Ходабанда (у. 1595)
- Абас I Велики (1571-1629)
- Сафи I (у. 1642)
- Абас II (у. 1666)
- Сулејман I
- Хусеин (1668?-1726)
- Тахмасп II (1704?-1740)
- Абас III (у. 1740)
Афшариди
- Надир-шах (1688-1747)
- Адил-шах (у. 1748)
- Ибрахим-шах (d. 1748)
- Рух-шах (~ 1730-1796)
Занди
- Карим-хан (~ 1705-1779)
- Мухамед Али-хан (~ 1760-1779)
- Абол Фатх-хан (~ 1755-1787)
- Садик-хан (у. 1782)
- Али Мурат-хан (у. 1785)
- Џафар-хан (у. 1789)
- Лотф Али-хан (~ 1769-1794)
Каџари
- Мухамед-хан Каџар (1742-1797)
- Фатх Али Каџар (1771-1834)
- Мухамед-шах Каџар (1810 - 1848)
- Насредин-шах Каџар (1831-1896)
- Мозафередин-шах Каџар (1853-1907)
- Мухамед Али Каџар (1872 - 1925)
- Ахмед Каџар (1898-1930)
Пахлеви
Персија го добива името „Иран“.
- Реза Пахлеви (1878-1944)
- Мухамед Реза Пахлеви (1919-1980)
Повладеачки поглавари на династијата Пахлеви (1979-денес)

- Мухамед Реза Пахлеви (1979-1980)
- Реза Пахлеви (1980)
Remove ads
Поврзано
Надворешни врски
- Реза-шах II (англиски)
- Династија Пахлеви (англиски)
- Династија Каџари (англиски)
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads