Ирина Прес

From Wikipedia, the free encyclopedia

Ирина Прес
Remove ads

Ирина Натановна Прес (10 март 1939 – 21 февруари 2004) — советска атлетичарка која се натпреварувала на Летните олимписки игри во 1960 и 1964 година. Во 1960 година таа освоила златен медал во дисциплината 80 метри со пречки со резултат од 10.8 секунди и го освоила четвртото место заедно со советскиот тим во штафетната трка на 4 × 100 метри. Во 1964 година таа го освоила четвртото место на 80 метри со пречки и шестото во фрлање ѓуле, но го освоила златниот медал во новововедената дисциплина седмобој.[1][2][3]

Кратки факти Лични податоци, Полно име ...

Заедно со нејзината постара сестра Тамара, Ирина поставила 26 светски рекорди меѓу 1959 и 1966 година.[4] Кариерите на сестрите Прес завршиле одеднаш во време кога била воведена половата верификација.[5] Критичарите претпоставувале дека сестите Прес се мажи или хермафродити. Друга претпоставка е дека тие се вшприцувале со машки хормони со цел да бидат посилни. Тие често биле нарекувни "браќата Прес".[6]

По повлекувањето, Прес дипломирала физичко образование и била тренер во својот клуб Динамо Москва. Од 2000 година до нејзината смрт во 2004 година таа била на чело на Московскиот комитет за физичка култура и спортови.[1]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads