Исак-паша

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Исак Паша (турски: İshak Paşa; најверојатно 1469 — 1497 во Солун) — османлиски државник и генерал, а подоцна и Голем везир на Отоманското Царство.[1]

Кратки факти Исак Паша, Голем везир на Османлиското Царство ...
Remove ads

Потекло

Жан Клод Фаверијал открива дека Исак-паша бил Албанец.[2] Халил Иналчик верува дека Исак-паша е создаден преку помешување на неколку отомански Исак-паши (особено Исак бин Абдула и Исак бин Ибрахим) и Исак Беј.[3] Помешувањето може да се покаже со изјавата на Белтачи дека Исак-паша бил со хрватско или грчко потекло и дека служел на тројца различни султани.[3]

Кариера

Неговиот прв мандат како голем везир бил во владеењто на Мехмед II („Освојувачот“). Во текот на овој мандат ги префрлил туркменските народи од градот Аксарај во новоосвоениот Цариград со цел да го насели градот, кој изгубил дел од неговото поранешно население пред падот во 1453 година. Четвртот на градот каде се населиле луѓето од Аксарај е наречен со истото име.[4]

Неговиот втор мандат бил во владеењето на Бајазит II. Починал во 1497 година во Солун.

Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads