Исказ (математика)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Во математиката, исказ е реченица која или е вистинита или е невистинита (исклучиво).[1][2]
Примери:
- Реченицата: „Бројот 3 е непарен број.“ е исказ и таа е вистинита.
- Реченицата: „Бројот 3 е убав број.“ не е исказ, бидејќи за некој таа е вистинита (точна), а за некој е невистинит. Вистинитоста на оваа реченица зависи од оној кој ја чита.
- Реченицата: „Бројот 2 е непарен број.“ е исказ бидејќи таа е невистинита.
Remove ads
Отворен исказ
Отворен исказ или исказна функција е реченица со променлива која станува исказ кога за променливата ќе се замени конкретна вредност од некое множество.[3] Оваа дефиниција може да се обопшти за повеќе променливи.
Примери:
- Реченицата: x-2≥5 е отворен исказ. Еден можен исказ тука би бил: „За x=10, x-2≥5.“ (Овој исказ е вистинит.)
- Реченицата: а2>b2 е отворен исказ со две променливи. Еден можен исказ тука би бил, „За a=b, а2>b2.“ (Овој исказ е невистинит.)
Отворени искази се користат во многу дисциплини. На пример:
- Во математиката: Функцијата, односно равенката на праватаа: y=2x-1 е отворен исказ кој е вистинит за сите точки (x,y) кои „лежат“ на правата.
- Во програмирањето: Условот: If(x>x*x). Изразот по условот If, т.е.(x>x*x) e отворен изказ кој е вистинит за сите вредности х каде што x>x2, односно x такви што 0<x<1.
- Во работни табели како Excel® и Calc®: Формулата: =A1<>"Пеце" e отворен изказ кој е невистинит само ако ќелијата А1 го содржи текстот „Пеце“.
Remove ads
Искази и теореми
Исказите во теориската математика обично се нарекуваат теореми (пропозиции или тврдења) и треба да се докаже нивната логичка вредност, т.е. дали се вистинити или невистинити (види теорема).
Пример: Нека a и b се должините на катетите, а c е должината на хипотенузата на еден правоаголен триаголник. Тогаш a2+b2=c2 е исказ, т.н. Питагорова теорема која може да се докаже дека е вистинита.
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads