Италијанска партија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Италијанска партија е шаховско отворање кое настанува со потезите:
Италијанската партија („мирна партија“) е најстарото регистрирано отворање. Португалецот Педро Дамјано го играл оптворањето на почетокот на 16 век, а Италијанецот Џоакино Греко на почетокот на 17 век. Ова отворање е познато и како „мирна партија“ (итал.Giuoco Piano). Терминот „Италијанска партија“, обично се употребува за опис на позицијата по 1.e4 e5 2.Sf3 Sc6 3.Lc4, за разлика од „мирна партија“, кој го вклучува и потегот 3...Lc5. Ова отворање било популарно во 19 век, но во современи услови, многу поприродно е да се игра Шпанска партија, отворање кое на белиот му дава шанса подолго да ја одржува ин ицијативата.
Белиот „италијански ловец“ на c4 го оневозможува црниот од напредување во центарот со ...d5 и го напаѓа чувствителниот пункт f7. Белиот планира да доминира во центарот со d2-d4 и да го нападне црниот крал. Црниот има за цел да ја ослободи својата игра преку замена на фигури и да одигра ...d5 или да го одржува центарот со пешакот на е5.
Remove ads
Корисна литература
- Колинс, Сем (2005), Разбирање на шаховските отворања, Gambit Publications, ISBN 1-904600-28-X
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads