Ице
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Ице (германски: Uetze) — општина во округот Хановер, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа на реката Фузе, околу 35 километри источно од покраинскиот главен град Хановер.
Remove ads
Географија
Местоположба
Ице се наоѓа на јужниот раб од Линебуршкото Поле. Сместен е на реките Фузе и Ерзе, кои извираат од подножјето на Харц и течат кон север. Северозападно од Ице, реката Ерзе се влева во Фузе, која кај Целе се влева во Алер.
Општината зафаќа површина од околу 140 км².
Општински единици
Општината се состои од местата (порано самостојни општини) Алтмердингсен, Деденхаузен, Долберген, Елце, Хенигсен, Катенсен, Оберсхаген, Швиблингсен, како и самото место Ице и има вкупно околу 22.000 жители.
Секое место поседува свој месен совет.
Кон општината Ице припаѓаат и имотите Аббајле, Бенроде, Даренхорст и Вакервинкел.
Remove ads
Историја
Ице бил првпат споменат во 1022 година како „Утисон“. Името потекнува од владејачката куќа „фон Утенсен“. Од 1552 до 1885 година, Ице бил поседуван од фогтот во Мајнерсен. Ице бил означен како пазарен град во 1695 година.
На 21 април 1863 година, скоро целиот Ице бил уништен во пожар. Доброволната противпожарна бригада била основана на 5 јуни 1880 година.
Ице некогаш го користел долногерманскиот јазик, но стандардниот германски јазик целосно го заменил. Постои активна заедница на долногермански говорници во Елце.
Remove ads
Сообраќај
Патот Б188 ја пресекува областа од исток на запад, поврзувајќи го Ице и Алтмердингсен со Бургдорф и Гифхорн. Патиштата Б214 и Б444 го поврзува со Целе, Брауншвајг и Пајне.
Селата Долберген и Деденхаузен имаат железнички станици на железничката линија Берлин-Лерте, која е опслужувана од регионалните возови од Хановер до Волфсбург.
Општината е поврзана со Бургдорф и Лерте преку автобуските линии 910, 920, 930 и 946. Линиите 938 и 950 возат во рамките на самата општина.
Галерија
- Црквата „Св. Јован“
- Воденица во Елце
- Ветерница во Долберген
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads