Кадифени црви

вид на животни From Wikipedia, the free encyclopedia

Кадифени црви
Remove ads

Кадифените црви се месојадни без‘рбетни животни кои припаѓаат на типот Onychophora. Тоа е мал тип, со околу 70 видови на интересни животни, често нарекувани и црви со екстремитети. Речиси сите живеат во тропските и суптропските региони на Земјата, макар што постојат и неколку видови од умерените области на јужната полутопка.

Кратки факти Кадифени црви Период: Камбриум – денес, Научна класификација ...

Кадифените црви можат да бидат долги од 1,5 до 15 cm и да имаат помеѓу 28 (14 пара) или 86 (43 пара) на несегментирани екстремитети за движење. Тие најчесто се живописно обоени животни. Кадифените црви се прастари животни. Многу од пораните форми живееле во морето, како членовите на родот Aysheaia, чии фосили се најдени во карпи стари 540 милиони години. Ова значи дека овие организми живееле и во периодот на Камбриумот. Денешните онихофори, иако се сите копнени форми, сепак можат да се најдат само во влажни живеалишта. Обично се ноќни животни. Кај повеќето видови кутикулата е прекриена со ситни туберкули, кои на животното му ја даваат кадифената текстура, од која го добиле и името.

Кадифените црви имаат мешавина од морфолошки црти кои ги прават мост помеѓу прстенестите црви и членконогите. Но, поновите сфаќања сугерираат дека овој тип не претставува врска помеѓу анелидите и членконогите. Наместо ова, како и тардиградите, на него се гледа како на одделна еволутивна линија која независно се издигнала од некој дамнешен заеднички предок.

Remove ads
Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads