Календи
првиот ден од секој месец на римскиот календар From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Календи (на архаичен латински: kǎlendāī, -āsōm; на класичен латински: kǎlendae, -ārum) — првиот ден од секој месец во римскиот календар, денот на младата месечина кога календарот ги следел месечевите мени (години на Ромул и Нума Помпилиј).
На тој ден, понтифите го објавувале датумот на подвижните празници за наредниот месец и должниците морале да ги платат своите долгови запишани во calendaria, сметководствените книги, од каде потекнува зборот календар.
Август го популаризирал изразот „грчки календи“, да асоцираат дејство одложено на неодредено време.
Remove ads
Потекло на зборот
Според една теорија овој архаичен поим доаѓа од етрурскиот јазик, што се објаснува со задржувањето на буквата k при пишувањето датуми, буква од која Римјаните брзо се ослободиле во корист на c (ретките латински зборови во k најчесто се од странско потекло) .
Според друга теорија потеклото на овој поим е чисто латинско: доаѓа од латинскиот calenda („што треба да се нарече“) од глаголот calare („повикува, нарекува“).
Remove ads
Броење на деновите
За да се најде датум на латинскиот календар, се врши одбројување на деновите до младата месечина, односно до почетокот на следниот месец и се додава два на овој број. На пример, 22 април е десеттиот ден пред мајските календи, бидејќи остануваат уште осум дена до мај на кои се додава два.
Така, мартовските календи се интеркаларни денови пред првиот ден од месец март, кој е првиот месец од римската година.
Remove ads
Празници
Секој месец, календите ѝ биле посветени на Јунона, а идите му биле посветени на Јупитер. Јунона била наречена календарска Јунона.
Јануарските календи се нарекувале сатурналии, која Римјаните ја славеле на крајот на декември.
Матроналија (на латински: Mātrōnālǐa, - ǐum ): празници што ги слават матроните на мартовските календи.
Фабари (на латински: fabariae Kalendae) биле јунските календи, кога на боговите им се принесувале ново дарови.[1]
Лингвистичко наследство
Овој збор е изворен на неколку поими и изрази што се користат во западната култура.
Календарот произлегува од придавката calendarium („календар“), кој назначи регистар на сметки (кој бил расчистуван на први во месецот. Точното значење на календарот би било „регистар за датум на доспевање“) и, според тоа, календарот првично е регистар каде се бележат настаните поврзани со одреден датум од месецот. Зборот доаѓа непосредно од латинската придавка, со поопшто значење.
„На грчки календи“ (Ad kalendas graecas) значи „да го одложи извршувањето на дејствие на неопределено време“. Навистина, Грците никогаш немале календии, па изразот се однесува на непознат датум. Грчките календи, исто како и „на куков ден“ (или „на куково лето“), иронично потсетуваат на датум кој изгледа точно определен, но кој на крајот никогаш нема да се одржи.
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads