Кале (Горно Татеши)

археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Калеархеолошко наоѓалиште во близина на струшкото село Горно Татеши. Претставува утврдување од римско време. Се наоѓа на околу 2-3 км северозападно од селото на висок рид со местоположба која доминира над целата околина, на надморска височина од околу 1.000 м. На зарамнетото плато, кое зафаќа површина со димензии од 40 × 60 м, се гледаат темели од бедеми, а по површината е откриено големо количество градежен материјал. Откриени се и неколку базени за собирање на дождовница. На овој простор, пред Втората светска војна е пронајдена сребрена монета (веројатно тетрадрахма). Тоа укажува на можноста калето да постоело од I век пред н.е. па сè до доцната антика, што може да се заклучи и од големиот број фрагменти од керамички садови, питоси и друг археолошки материјал пронајден на површината.[1]

Повеќе информации Основни податоци ...
Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads