Кале (Дебреше)

археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Калеархеолошко наоѓалиште во гостиварското село Дебреше. Претставува утврдена населба од железно и римско време. Се наоѓа на околу 1,3 км западно од селото, на висок рид со зарамнето плато што има извонредно поволна стратегиска позиција над падините на Шар Планина, каде се наоѓаат остатоци од помала фортификација, градена од кршен камен и варов малтер, која зафаќа површина од 40 × 40 м. На површината има фрагменти од керамички садови, питоси и многу градежен материјал. На источните падини на теренот спорадично се среќаваат фрагменти од керамички садови што упатуваат на присуство на уште една помала утврдена населба од железното време.[1]

Повеќе информации Основни податоци ...
Remove ads

Поврзано

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads