Кале (Доленци)

археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Калеархеолошко наоѓалиште во битолското село Доленци. Претставува населба од доцноантичко време. Се наоѓа на околу 500 м јужно од селото, лево од патот за Кажани, на висок рид со зарамнето плато каде има остатоци од тврдина, правоаголна во основата, од која северната и јужната страна се зачувани во должина од 125 м, а источната и западната од 120 м. На срeдината на источната страна на тврдината има порта широка 3,30 м. По една мала кула имало на секој агол и по три кули на средината на секоја страна. Кулите се со полукружен облик, освен источната. Тврдината е градена од кршен камен и варов малтер. Во 1928 година археологот Никола Вулиќ извршил мали сондажни ископувања при што констатирал дека ѕидовите се зачувани во височина до два метри. При последниот увид на теренот можело да се констатира дека тврдината е доста оштетена со вадење на камен од страна на жителите.[1]

Повеќе информации Основни податоци ...
Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads