Кале (Слатина)
археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Remove ads
Кале — археолошко наоѓалиште во поречкото село Слатина. Претставува градиште од доцноантичко време. Се наоѓа на десната страна на Слатинска Река, на местото каде таа се влева во Голема Река (Треска), каде се издига висок рид со зарамнет врв кој зафаќа простор од 150 × 80 м, на кој има остатоци од јак одбранбен бедем и две кули. По површината на тврдината се забележуваат темели од објекти и множество фрагменти од керамички садови, питоси, покривни ќерамиди и градежен материјал. Ѕидовите од бедемот на неколку места се зачувани во височина од 1 м. Два питоса, откопани од градиштето, се чуваат во селското училиште.[1]
Remove ads
Поврзано
- Под Градиште — некропола од доцноантичко време;
- Слатина;
- Список на археолошки наоѓалишта во Поречко;
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads