Калиник III Цариградски
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Калиник III Цариградски — Вселенски патријарх во период од еден ден во 1726 година.
Живот
Калиник по потекло бил од островот Наксос и пред да биде избран за патријарх тој бил митрополит во Ираклија.
Кога патријархот Еремија III бил расчинет на 19 ноември 1726 година, Калиник бил избран за патријарх истиот ден, но починал ноќта во својот дом пред да застане на престолот,[1] најверојатно од срцев удар поради изборот за патријарх.[2]
Сумата која требал да ја плати на султанот за неговото назначување била најголемата некогаш одредена и изнесувала 36.400 гроша.[2] Високите суми за наначување кои морале да бидат платени од црквата се должеле на фактот што султаните биле алчни и поради кавгите кои постоеле во христијанската заедница што доведувало брзи промени и преназначувања на патријарсите. Поради скандалот со толкава сума на пари потрошена за еден ден ситуацијата се подобрела со помали давачки и подолги владеења.[2]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads