Калиум — хемиски елемент во периодниот систем . Негов симбол е К , а неговиот атомски број е 19. Калиумот е мек сребренобел алкален метал кој е сврзан со други елементи во морската вода и е застапен во многу минерали . Овој елемент оксидира брзо во Земјината атмосфера при што потемнува. Многу е реактивен (особено во вода) и е хемиски сличен со натриумот . Има атомска маса 39,102 и е мек како восокот . Калиумот се топи на 63,65 °C.
Кратки факти Општи својства, Име и симбол ...
Калиум (19 K) Калиумови топчиња во парафинско масло. Поголемото има пречник од 0,5 см.
Спектрални линии на калиумот
Општи својства Име и симбол калиум (K) Изглед сребреносив Калиумот во периодниот систем
Атомски број 19 Стандардна атомска тежина (± ) (A r )39,0983(1)[ 1] Категорија алкален метал Група и блок група 1 (алкални) , s-блок Периода IV периода Електронска конфигурација [ Ar ] 4s1 по обвивка
2, 8, 8, 1 Физички својства Фаза цврста Точка на топење 336,7 K (63,5 °C) Точка на вриење 1032 K (759 °C) Густина близу с.т. 0,862 г/см3 кога е течен, при т.т. 0,828 г/см3 Критична точка 2223 K, 16 MPa[ 2] Топлина на топење 2,33 kJ/mol Топлина на испарување 76,9 kJ/mol Моларен топлински капацитет 29,6 J/(mol·K) Атомски својства Оксидациони степени +1 , −1 (мошне базен оксид)Електронегативност Полингова скала: 0,82 Енергии на јонизација I: 418,8 kJ/mol II: 3052 kJ/mol II: 4420 kJ/mol (повеќе ) Атомски полупречник емпириски: 227 пм Ковалентен полупречник 203±12 пм Ван дер Валсов полупречник 275 пм Спектрални линии на калиумРазни податоци Кристална структура телоцентрирана коцкеста (тцк)Брзина на звукот тенка прачка 2000 м/с (при 20 °C) Топлинско ширење 83,3 µм/(m·K) (при 25 °C) Топлинска спроводливост 102,5 W/(m·K) Електрична отпорност 72 nΩ·m (при 20 °C) Магнетно подредување парамагнетно[ 3] Модул на растегливост 3,53 GPa Модул на смолкнување 1,3 GPa Модул на збивливост 3,1 GPa Мосова тврдост 0,4 Бринелова тврдост 0,363 MPa CAS-број 7440-09-7 Историја Откриен и првпат издвоен Хамфри Дејви (1807)Најстабилни изотопи Главна статија: Изотопи на калиумот
| наводи | Википодатоци
Затвори
Со густина нешто помала од водата, калиумот е вториот најлесен метал после литиумот . Тој е меко цврсто тело кое лесно се сече со нож.
Слично како и другите алкални метали, калиумот реагира бурно со водата, при што се добива водород . Кога е во вода, може спонтано да се запали. Неговите соли емитуваат виолетова боја кога се изложени на пламен.