Калмички јазик

From Wikipedia, the free encyclopedia

Калмички јазик
Remove ads

Калмичкиот ојратски (Хальмг Өөрдин келн), или попознат само како калмички (Хальмг келн) е монголски јазик кој се зборува воглавно во Русија. Калмичкиот се смета или за засебен јазик, или како дијалект на ојратскиот јазик. Јазикот е мајчин јазик на Калмиците и се зборува во Калмикија, Русија, каде е службен јазик. Калмиците се потомци на Ојратите кои се доселиле во северозападниот дел на басенот на Каспиското Езеро. Според УНЕСКО, јазикот е дефинитивни загрозен[2]. Јазикот се пишува на кирилица.

Кратки факти Калмички јазик, Застапен во ...
Thumb
Двојазичен руски и калмички знак во Елиста
Remove ads

Географска распространетост

Повеќето Калмици живеат во Калмикија, Русија, каде јазикот е службен. Мала група Калмици живеат и во Франција и САД, но употребата на јазикот е во пад. Бројот на говорници во дијаспората не е познат. Калмичкиот се смета за загрозен јазик.

Класификација

Од синхронска перспектива, калмичкиот е најистакната варијанта на ојратскиот јазик. Калмичкиот е многу сличен со ојратските дијалекти во Монголија и Кина и во морфолошка и во фонолошка смисла. Разликата меѓу дијалектите е во зборовниот фонд, бидејќи калмичкиот имал влијание од рускиот и од туркиските јазици

Главни одлики на калмичкиот се аглутинацијата и самогласната хармонија. Има заеднички елементи со уралските и туркиските јазици, што укажува на далечен заеднички предок.

Remove ads

Писмо

Писмената традиција на ојратскиот потекнува од 11 век која се користело ујгурското писмо. Официјалната калмичка азбука, јасното писмо, било создадено во 17 век од калмичкиот будистички монах Заја Памдит. Во 1924 година ова писмо било заменето со кирилицата. Во 1930 година се користела латиницата, а во 1938 година се сменила пак во кирилица. Азбуката на калмичкиот е:

Повеќе информации Кирилица, МФА ...

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads