Калуѓерица (Мренога)
археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Калуѓерица — археолошко наоѓалиште во демирхисарското село Мренога. Претставува осамен наод од римско време. Се наоѓа на 1,8 км од селото и на околу 3 км од патот Битола-Кичево, каде Голема Река го има изместено своето корито при што е засечен брег висок 7 м. Во профилот на брегот се гледаат остатоци од ѕидана конструкција, тули и многу саѓи, што се наоѓаат на длабочина до 2,5 м под површината. Според трапезоидните тули се добива впечаток дека се работи за објект со лачна конструкција. Бидејќи на теренот се среќаваат и тули со кружен отвор за проток на воздух, би можело да се претпостави дека се работи за печка, во голем дел уништена од реката. Според кажувањето на мештаните, во наоѓалиштето бил најден кантар кој е загубен.[1]
Remove ads
Поврзано
- Средно Селиште — населба и топилница од доцноантичко време;
- Боричино — населба и некропола од римско време;
- Бела Земја — некропола од доцноантичко време;
- Грнчари — населба, некропола и топилница од доцноантичко време;
- Мренога;
- Список на археолошки наоѓалишта во Демирхисарско;
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads