Канелура

From Wikipedia, the free encyclopedia

Канелура
Remove ads

Канелураархитектонски поим за вертикални бразди исклесани во трупот на столб од класичен ред, како и на пиластри, делови од ѕидот или вазни.[1] Може да се украсуваат со листови или стапчиња, исто така исклесани во камен.[1] Канелурите најчесто се наоѓаат на столбови од јонски и коринтски ред, столбови од сложен ред и некои столбови од дорски ред на кои се направени како полуовални засеци. Канелурите се користат за визуелно изразување на вертикалноста на столбот.

Thumb
Канелурање на дорски столбови
Thumb
Различни облици

Столб или пиластер покриен со канелури се нарекува канелуран столб или пиластер. Канелурањето на столбовите, односно правењето жлебови е откриено во египетската уметност за обработка на столбови. Најчесто канелурите се користеле во класичната архитектура, каде што столбовите, по правило, биле покриени со канелури, пред се во Стара Грција и Стар Рим.

Remove ads

Поврзано

Наводи

Литература

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads