Канина (река)
река во Пиринска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Канина или Канина Река — река во Грменско, Пиринска Македонија, лева притока на Места. Долга е 36 км и одводнува дел од југозападните падини на Доспат Планина во Западните Родопи.[1]
Реката извира на 1.726 м.н.в. од јужното подножје на врвот Свети Петар (1.745 м) на Доспат Планина (Дабраш), Западни Родопи. Отпрвин тече кон запад во слабо наклонета и густо пошумена долина. Откако оддесно ќе ја прими Виштерица, свртува на југ и долината ѝ станува многу длабока, со стрмни голи страни. Во овој дел коритото е многу стрмно и Канина образува бројни слапови и водопади. По с. Марчево навлегува во Неврокопската Котлина, образува голем наносен конус и се влева во левиот брег на Места (на 503 м.н.в.), 2 км источно од градот Неврокоп (Гоце Делчев).[2]
Сливот зафаќа 234 км2, што претставува 6,79 % од вкупниот слив на Места. Неговата средна надморска височина изнесува 1.400 м.
Главни притоки: → лева, ← десна
- ← Чукурска Река
- ← Ранча
- ← Ајдучка Река
- → Чарково Дере
- ← Банкова Ливада
- → Грмодско Дере
- ← Виштерица (најголема)
- ← Големо Коњско Дере
- → Дреновска Река
Средниот годишен истек кај с. Фотовишта изнесува 2,95 м3/с. Канина се напојува од дожд и снег; најполноводна е во април, а најслабоводна во септември.
По течението има две села: Фотовишта (Огњаново) и Марчево, обете во Општина Грмен.
Дел од водите на Канина и нејзината притока Виштерица се насочуваат кон горното течение на реката Доспат и кон вештачкото езеро Доспат со помош на 7 водозафатни постројки и тунел под планината Доспат. Во најдолното течение водите се користат за наводнување.
Remove ads
Карти
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads