Кантербери (регион)

регион во Нов Зеланд From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Кантербери (англиски: Canterbury, маорски: Waitaha) — регион во Нов Зеланд кој главно се состои од Кантербериската Низина и околните планини. Главен град на регионот е Крајстчерч, каде се наоѓа Кантерберискиот Регионален Совет и Кантерберискиот универзитет.

Кратки факти Кантербери CanterburyWaitaha, Земја ...
Remove ads

Географија

Кантербери е најголемиот регион во Нов Зеланд, со површина околу 42.200 км2. Ограничен е со реката Конвеј на север и Јужните Алпи на запад. Јужно границата му ја дефинира реката Ваитаки.

Регионот се дели на Северен Кантербери (северно од реката Ракаиа), Среден Кантербери (од реката Ракаиа до реката Рангитата) и Јужен Кантербери (јужно од реката Рангитата). За многу цели Јужен Кантербери се смета за посебен регион, со седиште во градот Тимару.

Remove ads

Административна поделба

Регионот се дели на 10 административни единици, од кои една е градска, а останатите се окрузи:

  • Ваимакарири (66.300 жит.)
  • Ваимате (8.290 жит.)
  • Ваитаки (23.800 жит.)
  • Ешбертон (20.500 жит.)
  • Каикоура (4.260 жит.)
  • Град Крајстчерч (392.100 жит.)
  • Мекензи (5.480 жит.)
  • Селвин (73.600 жит.)
  • Тимару (48.400 жит.)
  • Хурунуи (13.450 жит.)

Најголеми населени места

Повеќе информации Најголеми градови во КантербериСтатистика Нов Зеланд, проц од јуни 2022, Бр. ...
Remove ads

Вински региони во Кантербери

Кантербери има две главни вински области. Овие се Ваипара и околината на Крајстчерч, која обично се нарекува едноставно Кантербери. Во последно време сортни вина се прават и појужно во Куроу.

Во Кантербери доминира белото вино како ризлинг, совињон бланк, шардоне, гевурцтраминец, и во помала мера пино бланк и пино гри. Сортата пино ноар успева во областа, особено во Ваипара.

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads