Капитализмот, социјализмот и демократијата
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
„Капитализмот, социјализмот и демократијата“ (англиски: Capitalism, socialism and democracy) — книга на австриско-американскиот економист Јозеф Шумпетер, првобитно објавена во 1942 година од издавачката куќа „Харпер и браќата“ (Harper & Brothers). Во 1947 година се појавило второто, а во 1950 година и третото издание.[1]
Содржина
Книгата се состои од пет дела со вкупно 27 глави во првото издание. Второто издание содржи уште една глава („ПОследиците на Втората светска војна“), додека во третото издание е додаден уште еден дел, „Коментари за натамошнииот повоен развој“, заснован врз предавањето на Шумпетер од 1949 година со наслов „Маршот кон социјализам“.[2]
Прв дел. Марксистичката доктрина
- Пролог
- Пророкот Маркс
- Социологот Маркс
- Економистот Маркс
- Учителот Маркс
Втор дел. Може ли капитализмот да преживее?
- Пролог
- Стапката на раст на вкупниот производ
- Можниот капитализам
- Процесот на креативната деструкција
- Монополистичките практики
- Затворена сезона
- Исчезнувањето на приликите за инвестирање
- Цивилизацијата на капитализмот
- Ѕидовите што се распаѓаат
- Зголеменото напријателство
- Расчленување
Трет дел. Може ли социјализмот да функционира?
- Чистење на подот
- Социјалистичкиот нацрт
- Споредба на нацртите
- Човечкиот елемент
- Транзицијата
Четврти дел. Социјализмот и демократијата
- Поставување на проблемот
- Класичната доктрина на демократијата
- Друга теорија на демократијата
- Заклучување
Петти дел. Историски осврт кон социјалистичките партии
- Малолетството
- Состојбата со која се соочил Маркс
- Од 1875 до 1914
- Од Првата до Втората светска војна
- Последиците на Втората светска војна
Remove ads
За делото
Во предговорот кон првото издание, Шумпетер го изнесува своето предвидување дека социјализмот неизбежно ќе произлезе од неизбежниот распад на капиталистичкото општество, но подоцна, во трудот „Маршот кон социјализам“ кој бил вклучен во третото издание, делумно го изменил ова предвидување, откажувајќи се од намерата да даде дефинитивно предвидување на иднината, туку својата анализа ја опишува како проучување на „видливите тенденции“, заклучувајќи дека „капиталистичкиот поредок тежнее да се уништи себеси а централистичкиот социјализам е ... неговиот веројатен наследник.“ За разлика од повеќето економисти кои во 1930-тите предвидувале дека капитализмот неизбежно ќе стагнира поради недостигот од можности за инвестирање, Шумпетер тврди дека тој ќе пропадне токму поради неговата успешност, која ќе создаде неповолна општетсвена и политичка клима, т.е. атмосфера на речиси сеопшто непријателство кон капиталистичкиот поредок. Според Шумпетер, сето тоа произлегува од три процеси: прво, развојот на капитализмот ја уништува претприемничката функција, зашто бирократизацијата на големите претпријатија ја заменува поединечната иницијатива; второ, капитализмот го поткопува својот витален општествен слој — ситните бизнисмени, фармерите и поединечните претприемачи; и трето, капитализмот создава критички поглед кон нештата и широк слој на интелектуалци на кои им одговараат општествените немири.[3]
Книгата добила поволни оцени во научните економски и политички списанија. Така, списанието „Political Science Quarterly“ ја оценила како исклучителна од повеќе насоки, истакнувајќи ја анализата на психолошките, културните, историските и политичките фактори кои економистите вообичаено ги запоставуваат. Слично на тоа, најпрестижното американско економско списание „American Economic Review“ го истакнува високонапредното толкување на претприемачкиот капитализам при што Шумпетер прави синтеза на економската теорија и економската историја, фрлајќи појасна светлина врз функционирањето на претприемничката економија и поставувајќи бројни задачи за идните емпириски истражувања.[4]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads