Карантанија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Карантанија или Карентанија (словенечки: Karantanija, германски: Karantanien) било старо словенско кнежевство чии почетоци биле во 7 век. Карантанија се протегала на териториите на јужна Австрија и северозападна Словенија. Кнежевството било едно од првите словенски држави и опстојувало околу 300 години. Карантанија се смета како претходник на Војводството Корушка (Каринтија).
Remove ads
Потекло на поимот
Името „Карантанија“ е со претсловенско потекло и денес опстојуваат две теории за потеклото на името. Според првата се верува дека основата на зборот е зборот карант- кој пак е од претиндоевропско потекло, односно потекнува од зборот karra што значи карпа. Според другата теорија, името потекнува од келтскиот збор karantos што значи „пријател“ или „сојузник“.
Етникум
Населението на Карантанија било мултиетничко. Сепак, сржта на населението биле Словените кои се населиле во регионот на Источните Алпи во 6 век. Покрај нив имало и староседелско население кое опстојувало и претходно на таа територија. Се верува дека меѓу Карантаните имало Авари и германски народи. Денес се верува дека Карантаните се предците на Словенците.
Користена литература
Поврзано
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads