Карл Ландштајнер
австриски биолог и нобеловец From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Карл Ландштајнер (германски: Karl Landsteiner; 14 јуни 1868 во Баден крај Виена — 26 јуни 1943 во Њујорк) — австриско-американски биолог, биохемичар и лекар од еврејско потекло[1].

Тој ги пронашол крвните групи и резус факторот на крвните групи. Развил модерен систем на класификација на крвните групи и нивна идентификација со помош на аглутининот на резус факторот, што овозможило воведување на трансфузија на крв без загрозување на животот на пациентите. Со Ервин Попер во 1909 година ги открил полио вирусите. Во 1930 година ја добил Нобеловата награда за физиологија или медицина. Добитник е и на Ласкеровата награда во 1946 година (посмртно).
Remove ads
Откритие на крвните групи
Во 1900 и 1901 година, Карл Ландштајнер спровел низа на испитувања на серуми и како резултат на тоа успеал да идентификува три крвни групи: А, Б и 0. Ландштајнер исто така открил дека трансфузија на крв меѓу лица со иста крвна група не доведува до хемолиза на еритроцитите, додека истото се случува меѓу лица со различни крвни групи[2]. Се смета за татко на трансфузиологијата и еден од најголемите биохемичари на сите времиња.
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads