Карнатака

From Wikipedia, the free encyclopedia

Карнатака
Remove ads

Карнатака е сојузна држава во Индија со површина од 192.000 км2 и 55.868.200 жители (сос: 1. јан. 2001). Карнатака се наоѓа на југот од Индија на висорамнината Декан и се граничи со Махараштра , Гоа, Андра Прадеш, Тамил Наду и Керала. Со својот западен дел излегува на Арапското Море. Главен град на Карнатака е Бангалор кој има преку 6 милиони жители. Софтверската индустрија во Бангалор претставува 35% од индискиот софтверски извоз. Карнатака е единствен извозник на сандаловина во Индија.

Thumb
Мисорска Палата
Повеќе информации Карнатака, Карнатака - ಕನಾ೯ಟಕ ...
Thumb
Хампи
Remove ads

Историја

Неолитската населба датира од вториот век пред Христос. Карнатака била во составот на Маурја царството, во кое во 3. век пред Христос владеел Ашока. Во текот на првиот милениум Карнатака била во составот на различните династии: Кадамбас, Ганга(323. -550. ) , Чалукјас и Раштракутас. Кога била како британска колонија се викала Мајсур, која во 1973. се преименувала во Карнатака.

Thumb
Барачуки водопади
Remove ads

Економија

Земјоделство

Карнатака е најголем произведувач на кафе во Индија. Се произведува 59% од вкупното индиско производство и 75% од индиското производство на цвеќе. Единствен извозник е на сандаловина во Индија. Мајсурскиот дистрикт е познат по производство на сурова свила, а во Мајсур се произведуваат и надалеку прочуените свилени сари.

Рударство

Преку 90% од индиското производство на злато доаѓа од јужна Карнатака. Во последно време се копа и манган.

Технологија и услужен сектор

Бангалор е светски познат по информатичката технологија. Самиот Бангалор извезува 38% од целокупниот индиски извоз на софвер, кој изнесува 9 милијарди $ за цела Индија. Бангалор се нарекува и "Силициумска Долина на Индија". Хардверската индустрија на Бангалор извезува во износ од 500 милиона $ . Биотехнологијата на Бангалор дава 50% од сите индиски приходи во тој сектор, кој изнесува 500 милиони $ .

Remove ads

Туризам

Карнатака е позната по природните убавини, националните паркови, споменици и храмови, од кои многу се наоѓаат на УНЕСКОвата список на светското културно наследство. Џог водопадите се високи 292 метри и претставуваат едни од најголемите водопади во Азија. Од 3600 заштитени споменици во Индија, во Карнатака се наоѓаат 609.

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads