Маево

From Wikipedia, the free encyclopedia

Маевоmap
Remove ads

Маево (бислама: Maewо), поранешно име Аурора, е остров во покраината Пенама, во Вануату. Островот е на 105 километри источно од Еспириту Санто.

Кратки факти Географија, Место ...
Remove ads

Географија

Островот се наоѓа северно од Пентекост и источно од Амбае. Островот е долг 47 километри а широк 6 километри. Вкупната површина на островот е 268 км2. Највисока точка на островот е 795 метри надморска висина. Според податоците од пописот од 2009 година, на островот живееле 3.600 луѓе.[1] Островот е прекриен со густа вегетација.

Маево е остров со најмногу врнежи во Вануату. Островот е со густа и зелена вегетација. Врнежите овозможуваат островот да има доста големи извори на питка вода. Има и топлински извори. На Маево има и водопади, најголем е каскадниот водопад во близина на аеродромот во северниото дел на островот.

Климата на островот е тропска со просечни годишни врнежи од 3500 мм. Има две годишни сезони, дождлива сезона од ноември до април и сушна сезона од мај до октомври.

Remove ads

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads