Качунка

вид растение From Wikipedia, the free encyclopedia

Качунка
Remove ads

Качунка или шафран (науч. Crocus sativus) — повеќегодишна билка од родот качунки и семејството на перуники. Може да достигне висина до 30 см. Растението нема правилно стебло: шест венечни ливчиња, венечен цвет, заедно со две тесни ливчиња, растат од подземна луковица. Ливчињата се наслонети кон земјата и на неколку сантиметри од тлото, се шират на лево. Ваквата градба на цветот, без изразени поделби на цветните чашки и круна, во ботаниката се нарекува перигон. Толчникот кај сите качунки е златнопортокалова боја и најчесто, има истобојни прашници. На врвот од толчникот се наоѓа жиг или нишка (Croci stigmata), органели чија задача е да се прилагодат на поленовите зрна. Жиговите и денес се користат како исушен зачин и за бојадисување на намирниците, посебно колачи, а се користат и во медицината. Во поголема мера качунката е отровна.

Кратки факти Качунка, Научна класификација [ у ] ...
Remove ads

Распространетост

Растението е најзастапено во Иран. Околу Средоземјето и во Франција, Шпанија, Мароко, Грција, Турција, Италија и Австралија. Годишното производство изнесува околу 200 тони. Во Иран се произведуваат приближно 170 до 180 тони годишно.

Вкус на зачинот

Качунката има силен ароматичен вкус, пикантен и малку горчи, но и вкус на земјата во која се задржил долго време. Вкусот му е истовремено и цветен, малку лут и сличен на мед, мошусот, но и јодот. После неколку месеци тој пушта комплексен спектар на арома. Поседува различни состојки.

Качунката како мотив во уметноста

  • „Качунчице, цветице“ — македонска народна (лазарска) песна.[2]
  • „Качунка“ — песна на Јозо Т. Бошковски од 1981 година.[3]

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads