Квантитативно олеснување

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Квантитативно олеснување (Quantitative easing-QE) — монетарна политика каде што централната банка создава нови електронски пари со цел да купи државни обврзници или други финансиски средства за стимулирање на економијата, односно да се зголеми трошењето во приватниот сектор и да се врати инфлацијата до својот таргет).[1][2] Неконвенционалната форма на монетарна политика, обично се користи кога стандардната монетарна политика станува неефективна во борбата против намалувањето на понудата на пари.[3][4][5][6] централна банка спроведува квантитативно олеснување со купување на одредено количество на финансиски средства од комерцијалните банки и други финансиски институции, на тој начин зголемувајќи ги цените на тие финансиски средства и намалувајќи го нивниот принос, додека истовремено се зголемува понудата на пари.[7][8] Ова се разликува од повеќе вообичаената политика за купување или продажба на краткорочни државни обврзници за да се задржат меѓубанкарските каматни стапки на предвидената целна вредност.[9][10][11]

Експанзивната монетарна политика за стимулирање на економијата обично вклучува централната банка да купува краткорочни државни обврзници за намалување на краткорочните пазарни каматни стапки.[12][13][14][15] Сепак, кога краткорочните каматни стапки ќе постигнат или ќе се приближат до нула, оваа метода повеќе не може да работи.[16] Во такви околности, монетарните власти, може да користат квантитативно олеснување за понатамошно стимулирање на економијата со купување на средствата на доспевање подолг од краткорочните државни обврзници, а со тоа се постигнува намалување на долгорочните каматни стапки и понатаму надвор на кривата на принос.[17][18]

Квантитативно олеснување може да помогне во осигурувањето дека инфлацијата нема да падне под целта. Ризици вклучуваат политиката да е поефикасна отколку што е посакувано во постапувањето против дефлацијата (што доведува до повисока инфлација на подолг рок, поради зголемувањето на понудата на пари),[19] или да не е доволно ефикасна ако банките не сакаат да им позајмуваат и потенцијалните кредитобаратели не сакаат да се позајмуваат.[20] Според Меѓународниот Монетарен Фонд, Федералниот систем на резерви, и разни економисти, квантитативното олеснување преземени после глобалната финансиска криза од 2007-08 ги ублажи некои од економските проблеми од кризата.[21][22][23]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads