Квантуншка изнајмена територија
Јапонски посед во Североисточна Кина до крајот на Втората светска војна From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Квантуншка изнајмена територија (јапонски: 關東州, Канто-шу; традиционален кинески: 關東州; пинјин: Guāndōngzhōu) била територија на полуостровот Љаодунг која Јапонското Царство ја изнајмила од Кина во периодот од 1905 до 1945 година.
Во 1895 година со Договорот од Шимоносеки по победата во Првата кинеско-јапонска војна, Јапонија за прв пат го стекнала Квантунг од династијата Ќинг. Квантунг се наоѓал на воено и економски значајниот јужен врв од полуостровот Љаодунг на влезот од Бохајското Море; во територијата припаѓал и пристанишниот град Ријоџун (Порт Артур/Лушунку). Јапонија, неколку недели подоцна со Тројната интервенција го загубила Квантунг и Ќинг во 1898 година наемот го префрлила на Руското Царство, кое управувало со територијата (под името Руски Далијан) и брзо ја развивала инфраструктурата и градот Даирен (Далиј/Далијан). Јапонија, со Договорот од Портсмут (1905) по победата во Руско-јапонската војна, повторно го добила под закуп Квантунг и продолжила со брзиот развој на територијата и добила екстратериторијални права познати под името Јужноманџуриска железничка зона. Јапонија, со својот ултиматум до Кина познат како Дваесет и едно барање го продолжила закупот со Република Кина и го искористила Квантунг како база за започнување на Втората кинеско-јапонска војна. Изнајмената територија Квантунг престанала да постои по капитулацијата на Јапонија во Втората светска војна во август 1945 година.
Remove ads
Поврзано
- Кинеско-јапонски односи
- Јапонска колонијална империја
- Јужноманџуриска железница
- Манчукуо
- Руски Далијан
- Руско-јапонска војна
Наводи
Извори
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads