Келис

американска пејачка From Wikipedia, the free encyclopedia

Келис
Remove ads

Келис Роџерс (англиски: Kelis Rogers; родена на 21 август 1979 година), позната само како Келис ― американска кантавторка и готвачка.[1]

Кратки факти Келис, Роден(а) ...

Келис го издала првиот студиски албум Kaleidoscope во декември 1999 година. Најголем успех имала со албумот Tasty (2003). Особено успешен бил синглот „Milkshake", за кој Келис била номинирана за Греми награда за „Најдобра урбана/алтернативна изведба“ во 2004 година. По објавувањето на нејзиниот четврти албум, Kelis Was Here (2006) Келис направила пауза во нејзината музичка кариера и започнала да студира кулинарство во Le Cordon Bleu.

Роџерс добила награди на: Британските музички награди, Награда од списанието Кју, Награда од NME и Греми.[2] Таа соработувала со ар-ен-би и хип-хоп изведувачи како: Нас (со кого се омажила во 2005 година), Баста Рајмс, Outkast и Паф Деди; електронски и денс-продуценти како: Калвин Харис, Disclosure, Џорџо Мородер, Тимо Маас и Ричард Екс; поп и рок-изведувачи: Енрике Иглесијас, Дуран Дуран и No Doubt; и инди и алтернативни музичари како: Бјорк и Дејв Ситек. Продала 6 милиони плочи ширум светот,[3] а особен успех имала во Обединетото Кралство, каде што десет нејзини синглови се искачиле во првите десет на топ-листата за синглови во Обединетото Кралство.

Remove ads

Детство и младост

Келис Роџерс е родена на 21 август 1979 година во населбата Харлем на Менхетен. Нејзиното име е портманто од името на татко ѝ, Кенет (1944–2000) и името на мајка ѝ, Евелис. Нејзиниот татко Кенет бил афроамерикански џез-музичар и пентекостален свештеник, а претходно бил професор на Универзитетот Веслијан.[4] Нејзината мајка Евелис е кинеско-порториканска модна дизајнерка која ја инспирирала Роџерс да ја продолжи својата пејачка кариера. Таа има три сестри.[5]

Како дете, Роџерс пеела во црковни хорови и свирела виолина, пијано и саксофон додека одела во приватно училиште.

Remove ads

Кариера

1997-2002: Први два албума

По матурирањето, Роџерс била пратечки вокал за еден албум на хип-хоп групата Gravediggaz. Еден нејзин пријател ја запознал со продуцентското дуо The Neptunes (Фарел Вилијамс и Чад Хуго); тие почнале да соработуваат и со нивна поддршка Келис склучила договор за снимање со Virgin Records.[6][7]

Првиот студиски албум на Келис, Kaleidoscope, бил издаден на 7 декември 1999 година од Virgin Records. Албумот бил продуциран од The Neptunes. И покрај слабите перформанси во САД, албумот забележал умерен успех во некои други држави, вклучувајќи го и Обединетото Кралство.[8][9] Kaleidoscope бил реиздаден на 21 февруари 2020 година, по повод 20-годишнината од нејзината професионална музичка кариера.

Во 2001 година, Келис освоила Брит Награда за „Најдобар меѓународен нов изведувач“ и NME награда за „Најдобар R&B/соул изведувач“, а потоа ги придружувала на Moby и на U2 на нивните турнеи.

Вториот албум на Келис Wanderland бил издаден во 2001 година во Европа, Азија и Латинска Америка, но во Северна Америка бил издаден дури во 2019 година.[10] По слабата продажба на нејзиниот втор албум, Wanderland (2001) таа се разделила со Вирџин Рекордс и потпишала со Star Trak Entertainment, издавачка куќа основана како заедничко вложување на The Neptunes и Arista Records.

Албумот Tasty

Третиот студиски албум Tasty, Келис го издала на 5 декември 2003 година. Како извршен продуцент за албумот, Келис ги ангажирала нејзините претходни соработници, The Neptunes, но соработувала и со други продуценти како Далас Остин, Андре 3000, Роквајлдер и Рафаел Садик.[11][12] На албумот има и гостински вокали од Saadiq, André 3000 и нејзиниот тогашен дечко Нас.

„Милкшејк“ исто така стана златен, продаден во над 500.000 примероци,[13] и на Келис му донесе номинација за Греми награда во 2004 година за најдобра урбана/алтернативна изведба .

Албумот наишол на пофалби од критичарите за неговата оригиналност и тие албумот го гледале како подобрување на претходните албуми на Келис.[14][15] Од албумот биле објавени четири синглови: „Milkshake", „Trick Me", „Millionaire", and „In Public".

Особено успешна била песната „Milkshake“ која во декември 2003 година се искачила на трето место на американскиот Billboard Hot 100, со што станал највисоко пласиран сингл на Келис на таа топ-листа досега. Синглот се нашол на врвот на топ-листите во Ирска и се искачил во топ-10 на топ-листите во Австралија, Данска, Холандија, Нов Зеланд, Норвешка, Шведска и Обединетото Кралство. „Milkshake“ добил златен сертификат во САД, каде што бил продаден во 883 000 платени преземања.[16] Песната била номинирана за Греми награда за „Најдобра урбана/алтернативна изведба“ во 2004 година.[17]

2006–Денес: Подоцнежна кариера

Нејзиниот четврти албум, Kelis Was Here (2006), на кој му претходел синглот „Bossy" (со Too Short ), стигнал до десетто место на Билборд 200. По објавувањето на албумот, Роџерс направила пауза од музиката и започнала да учи кулинарство во Le Cordon Bleu.

Thumb
Келис на настап во 2007 г

Во 2009 година, Келис потпишала со Interscope Records и го издала Flesh Tone, чии продуценти биле: Ammo, Free School, Бени Бенаси, Burns, Boys Noize, DJ Tocadisco, will.i.am и Дејвид Гета.[18][19] Flesh Tone го означил преминот на Келис во денс-музика.

Критичкиот прием на Flesh Tone бил генерално позитивен, а Pitchfork го прогласил за најдобар албум на Келис од нејзиното деби со Kaleidoscope.[14][20] „Acapella“ (продуциран од Дејвид Гета), прв сингл од Flesh Tone, дебитирал во топ-пет на топ-листата за синглови во Обединетото Кралство и стигнал до прво место на американските Hot Dance Club Songs и UK Dance Chart.[21][22][23][24] Сингловите „Scream“ и „Brave“ имале минимално влијание на топ листите.

Во 2014 година, Келис потпишала со британската независна издавачка куќа Ninja Tune кои го издале нејзиниот албум Food.[25] Mic го прогласил албумот Food за најдобар албум во 2014 година и во кариерата на Келис, а Ролинг Стоун го навел како еден од најдобрите R&B албуми на годината.[26]

На 12 септември 2023 година, Келис го објавила „Milkshake 20“, ремикс од Алекс Ван од нејзината песна „Milkshake“, чиј копродуцент била самата таа.[27][28]

Remove ads

Личен живот

Келис се запознала со раперот Нас на церемонијата на доделување на MTV Video Music Awards во 2002 година; тие се свршиле во 2004 година и се венчале во јануари 2005 година. Во април 2009 година, таа поднела барање за развод поради непомирливи разлики. Во тоа време таа била бремена во седми месец.[29] Во јули 2009 година, Келис го родила нејзиниот прв син.[30] Разводот на двојката бил финализиран во мај 2010 година.[31] Келис врската со Нас ја опишала како физички и ментално навредлива.[32] Келис, исто така, рекла дека инцидентот со семејно насилство меѓу Ријана и Крис Браун влијаел на нејзината одлука да го напушти Нас.[32]

Во 2014 година, Келис се омажила за фотографот Мајк Мора[33] и во ноември 2015 година го родила нејзиниот втор син.[34] Од јануари 2020 година, Келис живее фарма во околината на Лос Анџелес.[35] Во септември 2020 година, таа го родила нејзиното второто дете со Мора, ќерка.[36] Во септември 2021 година, Мора јавно открил дека има рак на желудникот во четврта фаза [37][38] Мора починал на 14 март 2022 година, на 37-годишна возраст.[39][40]

Дискографија

Студиски албуми
  • Kaleidoscope (1999)
  • Wanderland (2001)
  • Tasty (2003)
  • Kelis Was Here (2006)
  • Flesh Tone (2010)
  • Food (2014)

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads