Кеплер (вселенска мисија)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Кеплер е името на првата мисија во вселената со можности да најде планети слични на Земјата, односни карпести планети кои кружат околу сонцевидни ѕвезди во топла зона кај што тешна вода може да се одржува на површината.
Цели и методи
Мисијата се состои од три и пол години во набљудување на 100 000 ѕвезди слични на сонцето во Сајгнус-Лира регионот од Млечниот Пат. Се очекува да најде стотици планети со големина на Земјата, и поголеми на различни дистанци од ѕвездите.
Кеплер телескопот е специално дизајниран за откривање на периодичното пригушување на ѕвездите што го предизвикуваат планетите при движењето. Тоа се случува во ѕвездени системи кои се ориентирани така што планетите поминуваат пред ѕвездите, гледано од наша гледна точка на Земјата.
Овој телескоп може да го забележи дури и најслабото од ваквите пригушувања. т.е. регистрира промени во јачината на светлината од 20 делови во милион. За да ја постигне оваа резолуција, Кеплер ќе ја носи најголемата камера лансирана во вселената, 95-мегапикселната низа CCD-и
Remove ads
Статус
Телескопот е лансиран на 7 март 2009 во 3:49:57 по Гринич со Делта 2 ракета од Кејп Каневерал, Флорида[1] Лансирањето беше со целосен успех, и сите три стадиуми беа завршени до 4:55 по Гринич. Следат калибрирања и тестирања на опсерваторијата кои ќе траат околу 60 дена. До сега, се оди како што е планирано, и е започната баждарењето на фотометарот.
Надворешни врски :
Кеплер телескопoт - во потрага по планети како Земјата! - Астрономски Клуб Куманово
Цитати:
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads