Кидоомару
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Кидоомару (鬼童丸, 鬼同丸) е они, кој се појавува во колекцијата „Кокон Чомонџуу“ од Камакура периодот, меѓу другите извори. Тој е син на Шутен-дооџи, а најголем непријател му е Минамото но Јоримицу.

Потекло

од Торијама Секиен.
Иако Кидоомару е широко познат од колекцијата Кокон Чомонџии, постои материјал за него и од сликовниците за воини, како и легенди. Според усните традиции на Кумохара во Фукучијама, Кјото префектура, постои легендата дека Кидоомару е дете на Шутен-дооџи. Откако Минамото но Јоримицу го убил Шутен-дооџи, девојчињата заробени од Шутен-дооџи се вратиле дома, но една од тие девојчиња добила психичко нарушување и не можела да се врати дома, раѓајќи го детето на Шутен-дооџи во Кумохара. Ова дете имало заби при раѓање, а на возраст од 7 или 8 години фрлало камења за да убие елен или свиња како оброк. Се вели дека на крајот, ова дете станало Кидоомару, целејќи кон непријателот на неговиот татко, Јоримицу и неговата група.[1]
Remove ads
Главна приказна
Како што е опишано во Кокон Чомонџуу, Минамото но Јоримицу е познат што го убил чудовиштето Шутен-дооџи. Кога отишол во домот на неговиот брат Минамото но Јоринобу, тој го фатил Кидоомару во тоалетот. Јоримицу му рекол на Јоринобу дека е невнимателен, па затоа требало да го оковаат они суштеството со ланци, преспивајќи во куќата на Јоринобу таа ноќ. Кидоомару лесно ги откинал синџирите и со огорченост кон Јоримицу, гледал во неговиот кревет и бдеел. Јоримицу го забележал тоа и му рекол на еден слуга: „утре, ќе го посетам храмот Курама“. Кидоомару отишол пред храмот, убил едно говедо на полето Ичихара, се скрил во неговото тело и чекал да дојде Јоримицу. Сепак, Јоримицу го забележал ова, па Уатанабе но Цуна, откако добил команда од Јоримицу, стрелал во стоката со лак и стрела. Се вели дека Кидоомару се појавил од внатрешноста на кравата и се обидел да го покоси Јоримицу, но Јоримицу го убил Кидоомару со еден удар.[2] Во збирката со „јоокаи“ слики, „Конџаку Хјакки Шууи“ од Торијама Секиен, сликата со наслов „Кидоо“ го прикажува Кидоомару седејќи во снегот, облечен во кожа од говедо, како го чека Јоримицу.[3]
Remove ads
Дополнителни податоци

„Зентаихеики“, колекција на воени приказни, теоретизира дека овој они е напуштеното дете на Шутен-Дооџи, и првично Кидоомару бил мало дете на планината Хиеи, но се расипал како резултат на злобни дела, и затоа бил избркан од таму, за потоа да мигрира во една пештера во планините и да стане разбојник.[3][4]
Според „Шитенноо Шоотоо Ироку“ (四天王剿盗異録) на Такизауа Бакин, во една пештера во планините, Кидоомару го сретнал Хакамадаре, разбојник од колекцијата на приказни „Конџаку Моногатаришуу“, во која е прикажана сцена од натпревар на споредување на меѓусебните вештини. Делата што го опишуваат ова ги вклучуваат укијо-е цртежите како што се „Кидоомару“ на Утагауа Јошицуја и „Хакамадаре Јасусуке Кидоомару Јуцукурабе но Зу“ (袴垂保輔鬼童丸競図) на Цукиока Јошитоши.[5][6]
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads