Киевско-печерска камбанарија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Киевско-печерската камбанарија или Големата камбанарија (украински: Велика Лаврська дзвіниця) е главната камбанарија на античкиот пештерски манастир кој се наоѓа во Киев, Украина.
Камбанаријата е највисоката градба во комплексот. Таа била градена во периодот од 1731 до 1745 година[1] и дизајнирана од страна на архитектот Јохан Готфрид Шадел. Нејзината вкупна висина, со христијанскиот крст е 96,5 метри или 316 стапки.
Камбанаријата била повредена во времето на Втората светска војна во 1941 година. Во 1961 година била санирана.
Камбанаријата е составена на четири спрата, а нејзината купола е позлатена. Пречникот на најниското ниво на кулата е 28,8 метри или 94 стапки а дебелината на првиот ред ѕидови е 8 метри (26 стапки). На четвртиот спрат се наоѓа часовник, чиј механизам е еден од најточните во гртадот. Сепак, според некои неговата точност зависи од времето на годината: во текот на зимата, часовникот работи малку побавно отколку во лето.
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads