Кизил (река)

најдолга река во Турција From Wikipedia, the free encyclopedia

Кизил (река)
Remove ads

Кизил или Кизилирмак (турски: Kızılırmak = „Црвена Река“), во антиката наречена Халис (старогрчки: Ἅλυς) — најдолга река во Турција што извира и завршува во земјата. Искористена е за хидроенергетски потреби и наводнување на оризови полиња, но не е пловна.

41°44′04″N 35°57′23″E
Кратки факти Земја, Градови ...
Remove ads

Географија

Реката е долга вкупно 1.355 км.[2] Извира во Источна Анадолија и тече на запад, свртува на југозапад, па образува широк лак. Продолжува на запад, па на северозапад, минувајќи североисточно од езерото Туз, а потоа на север и североисток, каде ѝ се придружува големата притока Делиџе. Тече цик-цак до утоката на реката Деврез, а потоа назад кон североисток, се соединува со реката Ѓок и завршува во Црното Море (41.72°N 35.95°E / 41.72; 35.95 (Устие на Кизил)). На Кизил се изградени браните „Бојабат“, „Алтанкаја“ и „Дербент“.

Remove ads

Историја

Хетитите реката ја нарекувале Мараш-шантија, и ја исцртувала западната граница на нивната татковина. Во класичната антика, Кизил претставувал граница помеѓу Мала Азија и остатокот од Азија, како и меѓу Понт и Пафлагонија. Крај реката се одиграла Битката кај Халис (28 мај 585  г. п.н.е.)[3] како погранично подрачје помеѓу Лидија на запад и Медија на исток. Ова важело сè додоека лидискиот цар Крез не ја преминал реката во походот против Кир Велики во 547 г. п.н.е. Крез ја изгубил војната, и Персија се проширила сè до Егејското Море.

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads