Гаус (единица)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Гаус (симб. G или Gs; кирилично: Г) — мерна единица со која се изразува магнетната индукција, наречена и густина на магнетниот тек. Единицата е дел од Гаусовиот мерен систем, кој ја наследил од постариот систем СГС-ЕМЕ (сантиметар-грам-секунда за електромагнетизам). Наречена е во 1936 г. во чест на германскиот математичар и физичар Карл Фридрих Гаус. Еден гаус е еднаков на еден максвел на квадратен сантиметар.

Кратки факти гаус, Мерен систем ...

Со замената на СГС со Меѓународниот систем на мерни единици (СИ-систем), гаусот е исфрлен од употреба од страна на стандардизациските органи, но сè уште редовно се користи во разни научни гранки. СИ-единицата за густината на магнетниот тек е теслата (симб. T),[1] што одговара на 10.000гауси.

Remove ads

Име, сибол и метрички претставки

Иако не е составен дел од СИ-системот, примената на гаусот ги следи правилата на тие единици. Како и другите единици наречени по личност, има кратенка со голема буква (G), но се пишува „гаус“ со мала, освен на почетокот на реченицата.[2]:147–148 Гаусот често се здружува со метрички претставки,[3]:128 како на пр. милигаус (mG или mGs).

Претворање на единици

Гаисот е единицата за густина на магнетниот тек B во системот на Гаусови единици и е еднаква на Mxcm2 or g/Bi/s2, додека пак ерстедот е единица за H-поле. Една тесла (T) соодветствува на 104 гауси, а еден ампер (A) на метар одговара на 4π × 10−3 ерстеди.

Единиците за магнетен тек Φ, кој е интегралот на магнетното B-поле врз дадена плоштина, се веберот (Wb) во СИ-системот и максвелот (Mx) in Гаусовиот СГС-систем. Факторот на претворање е 108, бидејќи текот е интегралот на полето врз дадена површина, а површината е квадрат од растојанието, па така 104 (факторот) помножен со 102 на квадрат (фактор на претворање на линеарно растојание, т.е., санитиметри по метар). 108 = 104 × (102)2.

Remove ads

Типични вредности

  • 10−9–10−8 G — магнетното поле на човечкиот мозок
  • 10−6–10−3 G — магнетното поле на галактички молекуларни облаци. Типичните јачини на магнетното поле во меѓуѕвездената стредина на Млечниот Пат изенсуваат ∼5 μGs.
  • 0,25–0,60 GЗемјиното магнетно поле на површината
  • 25 G — Земјиното магнетно поле во јадрото[4]
  • 50 G — типичен магнет за ладилник
  • 100 Gжелезен магнет
  • 1500 G — магнетното поле во една сончева дамка[5]
  • 10000 - 13000 Gостаточна магнетизација на неодиумско-железно-бориумски магнет[6]
  • 16000 - 22000 G — заситеност на високопробојните железни легури во трансформаторите[7]
  • 3000–70000 G — медицински апарат за магнетна резонанција
  • 1012–1013 G — површината на неутронска ѕвезда[8]
  • 4 × 1013 G — квантниот електродинамички праг
  • 1014 G — магнетното поле на магнетарот SGR J1745-2900 кој кружи околу супермасивната црна дупка Sgr A* во средиштето на Млечниот Пат.
  • 1015 G — магнетното поле на некои новосоздадени магнетари[9]
  • 1017 G — горната граница на магнетизмот на една неутронска ѕвезда[9]

Поврзано

Белешки

  1. ccgs = {{Пб/Грешка во изразот: Неочекуван оператор < |1=Грешка во изразот: Неочекуван оператор < }}29,979,245,800 е бездимензионалната величина на брзината на светлината изразена во СГС-единици.

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads